Драма во Израел: Тешко оштетен авион полн со патници се обидува да слета на аеродромот, сите служби се подготвени за интервенција

На израелскиот аеродром Бен Гурион е прогласена состојба на највисока готовност додека се чека слетување на авион со тешко оштетен труп – му недостига тркало.

Во „боингот 737“ се наоѓаат 152 патници. На аеродромот се наоѓаат неколку стотици возила на Итната помош, пожарникари, полиција и сите останати служби. Сите се подготвени да интервенираат.

Оштетениот авион кружи низ израелскиот воздушен простор за да изгуби што е можно повеќе гориво за да биде полесен при слетувањето.

Кон авионот тргнаа и израелски борбени авион. Дошле до него за да му јават дека на авионот му е оштетено левото задно тркало. Овој модел на Боинг, 737-400 има две гуми од секога страна и уште две под носот на авионот.

Извор: Сител телевизија