Драма во Србија: Седмоодделенец донел пиштол во училиште!

Седмоодделенец на ОУ „Ратко Вукиќевиќ“ во Ниш денеска донел во училиште пластичен пиштол кој ги вознемирил децата, а случајот бил пријавен во полиција, дознава „Блиц“.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, полицијата по пријавата излегла на терен и утврдила дека пиштолот е лажен, односно пластичен. Исто така, според нашиот извор, момчето никому не се заканувало.

За целиот случај е информирано и Вишото јавно обвинителство во Ниш.

Еден од родителите за РТС изјавил дека неговата ќерка била вознемирена затоа што момчето се пофалило дека донело пиштол во училиште, по што случајот бил пријавен кај училишниот психолог, а потоа и во полиција.

Според родителот, пренесува РТС, момчето и порано покажувало слично однесување.