Свет

ВИДЕО Драма во Турција, авион ја допре пистата и се запали – евакуирани 79 патници

ВИДЕО Драма во Турција, авион ја допре пистата и се запали – евакуирани 79 патници

Во авионот на руската авиокомпанија Азимут ерлајнс, кој слета вечерва во Анталија, Турција, при неповолни временски услови, дошло до пожар на моторот, а сите 79 патници се безбедно евакуирани.

Пожарникарите веднаш интервенирале, а пистата била привремено затворена, па авионите биле пренасочени на други аеродроми.

Повредени нема, а авионот летал на релација Сочи-Анталија.

Пожарот настанал кога моторот дошол во контакт со пистата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни