Свет

Драматични сцени од Киев по последниот руски напад: Се огласи Кличко, нападнат е и Харков

Драматични сцени од Киев по последниот руски напад: Се огласи Кличко, нападнат е и Харков

Денеска наутро Русија изврши голем напад врз украинските градови Киев и Харков, при што загинаа најмалку шест лица.

Според локалните медиуми, десетици луѓе се повредени, а оштетени се и бројни станбени згради.

Најмалку едно лице го загубило животот во Киев, изјави Роман Попко од градската управа.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека се ранети 18 лица, меѓу кои и едно момче (13).

Станбени згради се уништени во најмалку четири делови од градот.

Во Харков, вториот по големина град во Украина, загинаа најмалку пет лица, а повеќе од 30 се повредени.

Според извештаите, уништени се цела низа повеќекатници, а непознат број луѓе останале заробени во урнатините.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни