Македонија

Државјанка на Турција пронајдена почината во стан во скопски Аеродром

Државјанка на Турција пронајдена почината во стан во скопски Аеродром

47-годишна државјанка на Турција била пронајдена почината во стан на подрачјето на општина Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 19 ноември, во 22:45 часот. Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото и констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, по што треба да се утврдат причините за смртта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни