Државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија, ќе им биде доделена на публицистот Марина Костова, и на новинарот Емин Аземи.
Оваа одлука ја донесе Одборот за доделување на наградата „Мито Хаџи Василев – Јасмин”, на седницата одржана на 21.11.2018 година.
Наградата ќе им биде врачена на 21.12 во Собранието на Република Македонија.
