Дуа Липа, која потекнува од Косово и Метохија, во изминатите неколку денови ја бранува светската јавност со своите политички и националистички објави на нејзиниот инстаграм профил.
На социјалните мрежи Дуа Липа објави фотографија од знаме на кое е прикажана мапа на таканаречната Голема Албанија во која е опфатена и територија на Македонија, а во описот напиша: „Автохтон – придавка (жител на некое место), староседелци, а не потомци на мигранти или колонисти“.
https://www.instagram.com/p/CC1bN9Wsx1a/?utm_source=ig_embed
Пејачката е родена во Лондон, секако нема намера да се врати да живее во Приштина каде што е „автохтона“, па од Велика Британија одлучи да промовира контроверзни и националистички мапи со кои шири омраза меѓу народите на Балканот, наместо да го искористи своето влијание за да му помогне на регионот конечно да тргне напред.
Со тоа продолжи и сега, па на својот профил на Инстаграм, поточно на „стори“ објави фотографија на која пушува: „Зошто Косово не е и нема да биде Србија“.
Ова го забележала и познатата српска пејачка Јелена Карелуша, која и одговорила на Дуа Липа.
https://www.instagram.com/p/CCydcSyB9yK/?utm_source=ig_embed
