Свет

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и му порача да остане „посветен на мирна и конструктивна соработка“ со американскиот претседател Доналд Трамп.

Дуда рече дека разговорот со Зеленки бил отворен, а во контекст на развојот на ситуацијата и по разговорот на украинскиот лидер со пратеникот на Трамп за Украина, Кит Келог.

Му кажав дека цврсто веруваме дека нема друг начин да се запре крвопролевањето и да се постигне траен мир во Украина освен со поддршката на САД“, напиша Дуда на својот профил на мрежата Х.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни