Дујовски: Авганистанските цивили кај нас ќе бидат подложени на посебна проверка

Талибанците нема да сторат ништо за нареден терористички акт, тоа им оди во прилог. Со тоа докажуваат дека американската политика во Авганистан не успеала, вели за МТВ универзитетскиот професор Никола Дујовски. Појаснува дека авганистанските цивили кај нас ќе бидат подложени на посебна проверка.

И по дваесет години во Авганистан не е воспоставен траен мир, вели за МТВ универзитетскиот професор Дујовски. Без присуство на меѓународната заедница, очигледно мирот не можеше да потрае и неколку седмици. Затоа меѓународната заедница треба да се освести, зашто таму нема само авганистански сили за извлекување, туку и европски и американски државјани.

Американците најавија дека силно ќе возвратат на последниот напад на бомбашот- самоубиец. Од друга страна, Талибанците може да се претворат во регионална воена сила поради десетиците милијарди оставено оружје од западните сили во земјата.

Оттаму, Авганистан е кризно жариште кое може да се прелее во регионот, дополнува Дујовски. И тоа може да предизвика нов наплив на мигранти кон Европа.

Приемот на авганистанските цивили не е безбедносна закана за Македонија, вели Дујовски за јавниот сервис, оние што нема да ја минат безбедносната проверка, нема да бидат прифатени. Останатите ќе бидат под присмотра и ќе останат најмногу неколку недели во земјава.

Зоран Богатинов | МРТ