Откако Бајрам со мајнерите си замина од подрумите на ГТЦ, сега дуќанџиите плаќаат поевтина струја. Тие сметаат дека тоа се должи на тоа што сега веќе во подрумите на ГТЦ, Бајрам не копа криптовалути и не се троши толку многу струја.
Основното јавно обвинителство чека сопствениците на дуќаните во Градскиот трговски центар да пријават дека се оштетени во висината на сметките за струја, за да може обвинителите да постапуваат, пренесува МКД.мк.
Како што пренеуваат од порталот Елвис и Габриел Бајрам со години ги користеле подрумите на ГТЦ каде „копале“ биткоини и користеле елекстрична енергија, која не ја плаќале.
Од Обвинителството за МКД.мк велат дека никој од сопствениците не пријавил дека има сомнеж за нерегуларни сметки за струја, па поради тие причини рацете на обвинителите се врзани и не можат да постапуваат. Само со пријава ќе може да се отвори предистражна постапка и ќе може да се направи вештачење со кое ќе се утврди дали има поврзаност на броилата, каква поврзаност, дали висината на сметките за струја е поради трето лице кое трошело струја од подрумите на ГТЦ…
Во врска копањето на биткоини од Обвинителството велат дека тука нема простор за постапување, бидејќи тоа не е кривично дело, но треба оној кој што се занимава тоа да си ја плати сметката за струја.