Утринава во 08 часот и 00 минути и во 8 часот и 15 минути, регистрирани се земјотреси, чиј епицентри се наоѓаат 77 km југоисточно од Скопје.
Според досегашните податоци нивните Рихтерови магнитуди изнесуваа 3.1 на првиот и 2.7 на вториот земјотрес.
Беа почувствувани од населението во Штип и околината со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала.