Свет

Двајца од киднапираните Американци во Мексико се живи, а двајца се мртви

Двајца од киднапираните Американци во Мексико се живи, а двајца се мртви

Двајца од четворицата Американци кои исчезнаа во петокот во мексиканската држава Тамаулипас ​​се живи, а другите двајца се мртви, соопштија мексиканските власти, цитирани од Ројтерс.

Веста на прес-конференција ја потврди мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор по телефонскиот разговор во живо со гувернерот на државата Америко Виљареал, кој го информирал за најновите податоци.

Претходно телевизискиот канал „ABC News“ објави дека се киднапирани четворица американски државјани по име Латевија „Тај“ Мекги, Шејд Вудворд, Зиндл Браун и Ерик Џејмс Вилијамс.

„Ројтерс“ се повикува на својот извор од мексиканските власти дека двајца од мажите го загубиле животот. Жената и другиот маж се живи, сега безбедни и за нив се грижат властите, додаде службеникот.

Гувернерот на државата му пријавил на претседателот Лопез Обрадор во телефонскиот повик дека еден од преживеаните е повреден. Шефот на државата од своја страна додаде дека во случајот има притворено лице.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни