Балкан

Двајца пожарникари загинаа при уривање на дел од напуштен објект за време на гаснење пожар во Атина

Двајца пожарникари загинаа при уривање на дел од напуштен објект за време на гаснење пожар во Атина

При гаснење пожар во напуштен објект во населбата Зефири во северозападниот дел на Атина, паднал дел од внатрешноста на самиот објект со резултат двајца пожарникари да го загубат животот, а еден е пренесен во болница.

Пожарот избувна кусо по 11:30 часот, ангажирани беа 20 пожарникари со шест противпожарни возила, а за време на гаснењето дошло до уривање на дел од внатрешната конструкција на објектот, при што тројца пожарникари останале заглавени.

Следуваше акција за нивно пронаоѓање, при што еден повреден пожарникар беше пренесен во болница, а беа извлечени безживотните тела на останатите двајца. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни