Пратениците Мухамед Зеќири и Сања Лукаревска до Собранието ги депонираа своите оставки од функцијата пратеник во Собранието. Оставка поднел и пратеникот на ДУИ, Бајрам Кадрија.
Оставките следуваат бидејќи тројцата ќе бидат директори на институции. На денешната собраниска седница, освен нивните оставки ќе биде констатирана и оставката на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, по што ќе се случи верификација на новите мандати на пратениците коишто се следни на листите.
.
