Двајца Tурци приведени на „Богородица“ поради фалсификување на „зелена карта“

Во две поединечни акции на полицијата, вчера беа приведени двајца турски државјани поради фалсификување на исправа, поточно на осигурителна зелена карта. Во првиот случај во рацете на полицијата завршил 58-годишниот О.Х. Тоа се случило утрината околу 9:30 часот кога Турчинот се пријавил за влез во земјата со тешко товарно мотарно возило.

Попладне уште еден турски државјанин е приведен поради истата причина. Околу 18 часот исто така возејќи тешко товарно моторно возило, мерки се превземени против 43-годишниот Ц.М. од Турција.

Се вчитува...

Извор: ТВ21