Двајца убиени, девет повредени на американски универзитет – објавено видео од напаѓачот

Опсадна состојба владее во Провиденс, главниот град на американската сојузна држава Род Ајленд, по масовното пукање на престижниот Универзитет „Браун“. Полицијата потврди дека во нападот загинале двајца студенти, а девет други лица се ранети. Напаѓачот сè уште е на слобода.

Инцидентот се случил во зградата на Инженерскиот факултет, кога во 16:05 часот по локално време пристигнал првиот повик до полицијата. Веднаш по пукањето, силни полициски сили и возила за итна помош ги блокираа улиците околу кампусот, воспоставувајќи широк безбедносен периметар.

Потрага по „фантомот“ во темна облека

Градоначалникот Брет Смајли на прес-конференција потврди дека опасноста не е помината. „Лицето одговорно за нападот е сè уште на слобода,“ изјави Смајли, повикувајќи ги граѓаните на максимална претпазливост.

Полицијата објави кратка видеоснимка од безбедносните камери на која се гледа осомничениот. Според описот на властите:

  • Се работи за маж кој се чини дека е во своите 30-ти години;
  • Облечен е во темна облека;
  • На снимката се гледа како оди по улица и свртува зад агол.

Во текот на истрагата било приведено едно лице, но набрзо било ослободено откако било утврдено дека нема никаква поврзаност со крвавиот настан.

Кампусот под „клуч“

Универзитетот „Браун“ е ставен под целосен карантин (lockdown). На студентите им е издадена строга наредба да не ги напуштаат своите соби и да се заклучат, а слични препораки за останување во затворен простор се упатени и до жителите во околните населби.

Безбедноста е подигната на највисоко ниво низ целиот град додека трае масовната потрага по сторителот.

Сите убиени или повредени лица во саботната пукотница на Универзитетот Браун беа студенти, потврди претседателката на универзитетот Кристина Х. Паксон, нарекувајќи го „незамисливо трагичен ден“.

Таа истакна дека полицијата сè уште работи на отстранување на студентите и дека напаѓачот е на слобода. „Полицијата од Провиденс советуваше дека нашиот кампус мора да остане во карантин. Приоритет е да се обезбеди безбедноста на сите“, рече таа. 

Паксон, исто така, даде ажурирање за повредените. Едно лице е отпуштено од болница. Од осумте студенти кои се уште се хоспитализирани, шест се во критична, но стабилна состојба, еден е во критична состојба, а еден е во стабилна состојба.

Сите испити закажани за денес ќе бидат одложени.