Двајца алпинисти загинаа, а девет други се повредени од паѓање на парчиња мраз на Алпите во јужна Швајцарија, објави Ројтерс.
Полицијата во кантонот Вале добила дојава за несреќата нешто по 6 часот по локално време. Испратени се седум спасувачки хеликоптери.
Ледените санти паднаа врз група од 17 планинари на надморска височина од 3400 метри. Двајца од алпинистите, 40-годишна Французинка и 65-годишен Шпанец загинале на лице место.
Полицијата соопшти дека уште девет лица се префрлени во болница, а две се тешко повредени.
Другите планинари беа евакуирани со хеликоптери.
Обвинителството започна истрага за утврдување на околностите на несреќата.