Свет

Двајца загинати и петмина повредени во експлозија во рудник во Турција

Двајца загинати и петмина повредени во експлозија во рудник во Турција

Двајца рудари загинаа, а петмина се повредени во експлозија на метан во рудник за јаглен во западниот дел на Турција, на брегот на Црното Море.

Несреќата се случила во приватен рудник за јаглен во областа Дереичи, во градот Гелик, во округот Килимли, во покраината Зонгулдак, пренесува „ТРТ Хабер“.

По добиената пријава, на местото на несреќата биле испратени екипи на турската Служба за управување со вонредни ситуации (АФАД), здравствени служби и противпожарни екипи.

Засега нема дополнителни информации за околностите под кои дошло до експлозијата, ниту за состојбата на повредените.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни