Две 19 годишни момчиња со „Мерцедес“ излетале од патот Виница-Берово

На 28.08.2021 во 15.50 часот на регионалниот пат Виница-Берово на место викано „Обозна“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(19) од с.Митрашинци, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Н. а со повреди се здобил сопатникот Б.З.(19) од с.Митрашинци, кои им биле констатирани од доктор во клинички центар Штип.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Берово.