Свет

Две Германки се приведени со кокаин вреден над 1 милион евра во Италија

Две Германки се приведени со кокаин вреден над 1 милион евра во Италија

Две Германки се приведени во северна Италија откако во нивниот автомобил биле пронајдени 46 килограми кокаин, соопшти денеска полицијата, цитирана од ДПА.

Дрогата била откриена на граничната контрола откако двете жени влегле во Италија од австриска територија.

Запленетиот кокаин бил во 38 пакувања сокриени во автомобилот, вклучувајќи ја и резервната гума, а пазарната вредност е над 1 милион евра.

Полицијата соопшти дека странките дале заобиколен одговор за целта на нивното патување. Нивните документи исто така изгледале сомнително, а тоа довело до темелна проверка на автомобилот.

Двете Германки биле однесени во Тренто, каде по судска одлука биле приведени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни