Свет

Две третини од Британците ги поддржуваат штрајковите во земјата

Две третини од Британците ги поддржуваат штрајковите во земјата

Во Британија, истражувањето на јавното мислење покажува дека повеќето луѓе ја поддржуваат одлуката на работниците во различни сектори да штрајкуваат во 2023 година доколку не им се зголемат платите.

Речиси две третини од испитаниците би ги поддржале штрајковите на медицинските сестри од националното здравство, според истражувањето на агенцијата Саванта нарачано од весникот Индипендент.

Само 24 отсто се изјасниле против.

Анкетираните, исто така, генерално ги поддржуваат работниците во другите сектори кои сакаат повисоки плати, како што се оние во железницата, поштата, наставниците и возачите на автобуси.

65 отсто од анкетираните сметаат дека премиерот Риши Сунак не се справува добро со бранот штрајкови, додека 27 отсто сметаат дека владата добро се справува со кризата.

Во исто време, се зголемува притисокот врз премиерот од неговата Конзервативна партија да направи отстапки во работниот спор. Поранешниот вицепремиер Демиен Грин утринава повика на зголемување на платите на работниците од социјалната заштита.

Не мал број пратеници од Конзервативната партија побараа од Сунак да ги зголеми платите на медицинските сестри. Премиерот, пак, досега цврсто остана на ставот дека платата не треба да се зголемува согласно инфлацијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни