Во живо Вонредна прес конференција Зборува губернерот Трајко Славески Гледај
Македонија

„Секое хушкање е штетно“ – Славески апелира да не се шири паника за „Алта банка“

„Секое хушкање е штетно“ – Славески апелира да не се шири паника за „Алта банка“

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, упати апел до јавноста да се воздржи од ширење непроверени информации и изјави кои би можеле да предизвикаат дополнителна загриженост кај граѓаните, по случувањата поврзани со „Алта банка“.

„Секое хушкачко дејствување во јавноста е штетно за довербата во банкарскиот систем и директно ги погодува штедачите, чии интереси се во центарот на мерките што ги презедовме“, порача Славески на вонредната прес-конференција.

Тој нагласи дека Народната банка внимателно ќе ја следи состојбата и ќе продолжи да презема активности во рамките на своите законски надлежности.

Одговарајќи на новинарски прашања, гувернерот посочи дека обврските поврзани со сопственикот во Белград, според неговите проценки, изнесуваат околу еден милион евра, што го оцени како незначителен износ во однос на вкупната актива и ликвидноста на банката во Македонија.

Славески се осврна и на претходното преземање на акциите од страна на „Алта банка“ АД Белград, нагласувајќи дека во моментот на одобрувањето биле исполнети сите потребни супервизорски критериуми и дека банката во Србија тогаш имала важечка дозвола за работа.

Според него, Народната банка постапувала согласно законските процедури, а дел од информациите што претходно се појавувале во јавноста биле погрешно толкувани.

Гувернерот повтори дека приоритет на централната банка остануваат заштитата на штедачите, зачувувањето на довербата и стабилноста на банкарскиот систем.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни