Балкан

Двегодишно момче загина во Улцињ, приведен возачот кој го удри со автомобил

Двегодишно момче загина во Улцињ, приведен возачот кој го удри со автомобил

Двегодишно момче од Нови Пазар загинало во сообраќајна несреќа во Доњи Штој кај Улцињ, дознава подгорички „Вијести“.

Според истите информации, детето веднаш по несреќата било пренесено во Општата болница Бар, но, и покрај напорите на лекарите, од здобиените повреди починало.

Според „Вијести“, несреќата се случила кога А.Д., возејќи во рикверц, со „ауди А6“ удрил во детето на улица „Тутинска“ во таа населба Улцињ. (26) од Тутин.

Возачот е приведен и му е земена примерок од крв и урина. Исто така, запленето е и возилото, кое ќе биде предмет на вештачење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни