Движење против коцкање: Продолжува битката против казината и обложувалниците

Движењето против коцкање ја продолжува битката за дислоцирање на казината и обложувалниците во Тетово, кои ги има во голем број. Уште еднаш изразија загриженост за донесувањето на Законот за казината и спортските обложувалници. Потсетија на нивните барања сите објекти на игри на среќа да бидат оддалечени 3 км од   населените места, одвојување на 5% од буџетот кој доаѓа од игрите на среќа и да се изготви национална стратегија за едукација на учениците, студентите и граѓаните за штетите од игрите на среќа.

  1. Сите објекти на игри на среќа (казината, спортски обложувалници и сите слични игри на среќа) да се оддалечат 3 км од населените места;
  2. Одвојување на 5% од буџетот кој доаѓа од игрите на среќа за реновирање на објекти од јавен интерес ( училишта, градинки, библиотеки, болници, здруженија и центри кои организираат активности за рехабилитација на зависниците од игрите на среќа);
  3. Да се изготви национална стратегија за едукација на учениците, студентите и сите граѓани за штетите кои ги предизвикува коцкањето. – ги соопшти нивните барања Јуши Емрулаи од „Движење против коцкање“.

Како ја коментирате изјавата на премиерот, Зоран Заев кој рече дека доколку се затвораат казината, околу 6000 граѓани ќе останат без работа?

Се вчитува...

„Да се грижиш за 6000 работни места кои не произведуваат ништо, каде нашиот народ ја губи и таа благосостојба што ја има, јас мислам дека е голема одговорност, а за изјавата сметам дека е неодговорна“, изјави Нухи Ганија од „Движење против коцкање“.

Од Движењето против коцкање велат дека доколку новиот закон е против општествениот интерес и за секоја ситуација што ќе ескалира одговорноста паѓа врз институциите.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21