Живот

Ед Ширан позитивен на коронавирус

Британскиот кантавтор Ед Ширан е позитивен на ковид-19.

Тој на својот Инстаграм профил објави дека ќе биде во самоизолација, согласно насоките на британската влада.

„Им се извинувам на сите што ги разочарав, сите бидете безбедни“, вели Ширан.

Британскиот текстописец и кантавтор минатата недела настапи во Лондон за време на доделувањето на наградите „Earthshot“, наменети за оние кои се обидуваат да ја спасат планетата, потсетува Би-би-си.

Наградите ги доделува Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни