Еден близнак веган, а друг јадел месо полни 12 недели: Еве како нивното тело се менувало…

Хуго и Рос Тарнер се близнаци кои решиле да направат истражување на своето тело, односно како тоа се менува во одреден начин на исхрана. Дванаесет недели Рос (лево на фотографиите) јадеше само веганска храна и водеше веганска исхрана, додека неговиот брат близнак ја јадеше целата храна со голема количина месо, за да ја утврди разликата, пренесува Би-Би-Си.

Во тоа им помагале професори од Кралскиот колеџ во Лондон, кои ја следеле нивната тежина, холестеролот, телесните масти и многу други работи. Бидејќи се идентични близнаци, тие се идеални за истражување за тоа како храната влијае на телото. Покрај пропишаната диета имаа и тренинзи за издржливост пет до шест пати неделно, со цел да се подготват за идните експедиции.

Двајцата јаделе ист број калории, но нивната храна се разликувала по состав. По 12 недели веганска исхрана, холестеролот на Рос паднал, па тој имал повеќе енергија која не паѓала во текот на денот бидејќи нивото на шеќер во крвта не му паднало толку многу како порано. Со сето тоа, неговиот ментален фокус беше многу подобар, но имаше и некои негативни последици. Од, за него, непознати причини го изгубил либидото, но се забележува дека тоа може да варира од личност до личност.

Хуго, кој го започнал истражувањето со 79 килограми и 13 отсто маснотии, се здебелил четири килограми мускули и речиси два килограми маснотии, што му го зголемило салото на 15 отсто, па го завршил истражувањето со тежина од 85 килограми. Неговиот холестерол остана ист во текот на целата студија.

По овој период, близнаците сакале да го продолжат своето истражување за да добијат најточни резултати. Тие сакаат нивното истражување да трае најмалку шест месеци, до една година. Научниците собрале и примероци од измет пред и по истражувањето и откриле интересни работи. Микробиомите на Хуго подобро штитат од хронични болести како што се дебелината и дијабетес тип 2, што докажува дека веганската исхрана е погодна за одржување на здрав микробиом. Сепак, ефектите врз микроорганизмите се забележани и кај Рос, кои малку се променија.