Свет

Еден од осомничените за нападот со нож во Канада е пронајден мртов

Еден од осомничените за нападот со нож во Канада е пронајден мртов

Канадската полиција соопшти дека еден од двајцата осомничени за убиството на 10 лица во низата убоди со нож е пронајден мртов, објавија Асошиејтед прес и АФП. Повредите на неговото тело не укажуваат на самоубиство, соопштија органите на редот.

Според полицијата, другиот осомничен, кој е негов брат, најверојатно е повреден и се уште се трага.

Началникот на полицијата во Регина, Еван Бреј, изјави дека 31-годишниот Демиен Сандерсон е пронајден мртов, а се верува дека 30-годишниот Мајлс Андерсон е во Реџина, Саскачеван.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни