Македонија

Еден од патниците се спасил, но се вратил да помогне на другите и тогаш загинал

Градоначалникот на општина Студеничани Азем Садики, утрово зборуваше за бугарската „Би-Ти-Ви“ за несреќата во Бугарија, во која најголем број од загинатите се токму од таа општина.

„За жал од нашата општина има најголем број на загинати во несреќата. Беше многу тажен ден. Успеаа фамилиите да ги погребат своите најблиски кои загинаа во тешката сообраќајка. Да не се повтори никогаш повеќе“, рече Садики.

Тој кажа дека има информација дека едно преживеано лице се вратило во запалениот автобус да спасува, и потоа самото изгорело во пожарот.

„Блиските и нас како општина многу ни е важно случајот да се расветли. Сакаме да ја знаеме вистината. Имаме многу сомненија. Се зборува дека автобусот бил без лиценца, а треба да се дознае и што се носело во автобусот, и дали има нешто што е нелегално. Нашата мисла се дека луѓето не загинаа од сообраќајката, туку од пожарот во самиот автобус. Имаме информации дека едно дете успеало да излезе од автобусот, се вратило да спаси член од семејството, и изгорело. Оваа трагедија ако не се расветли, ќе има многу последици. Надеж е дека Бугарија е членка на ЕУ и ќе има правично истражување и тоа е барање и на фамилиите и на нас како општина“, рече Садики.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни