Еден од повредените во автобуската несреќа се уште е во бесознание, изјави лекарот Јасмин Циривири од болницата “8 Септември“. Според него, на интензивна нега се 4 пациенти, а на тројца од нив здравствената состојба им е подобрена. Циривири вели дека состојбата на пациентите се стабилизира и неколку од нив се очекува следниве денови да бидат пуштен на домашно лекување.
Бремената пациентка која се наоѓа на Клиниката за гинекологија е во стабилна состојба.
-На Клиничкиот центар во Скопје се хоспитализирани шест пациенти, тројца од нив на Клиниката за Анестезија, Реанимација и Интензивна нега, а двајца се во стабилна здравствена состојба. Пациентот кој што се наоѓа на Клиниката за торакална хирургија и бремената пациентка која се наоѓа на Клиниката за гинекологија исто така се во стабилна здравствена состојба-велат од Министерството за здравство.
Бројот на жртви од несреќата е 15. Инаку несреќата се случи на 13 февруари, кога автобус од компанијата Дурмо Турс, полн со патници се преврте на автопатот Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци. Се уште не се познати причините за несреќата.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ