Свет

Еден руски нуркач се удави, а друг загина во напад на ајкула на Филипините

Еден руски нуркач се удави, а друг загина во напад на ајкула на Филипините

Двајца руски туристи загинаа при нуркање во близина на филипинскиот остров Верде, а се верува дека едниот се удавил, додека другиот починал од напад на ајкула, изјави денеска командантот на филипинската крајбрежна стража Ерленд Лапитан.

Четворица руски туристи со чамец отишле до водите на островот Верде од блискиот град Пуерто Галера во провинцијата Миндоро со филипински инструктор за нуркање.

За време на нуркањето, сите пет лица биле однесени од силни подводни струи, а инструкторот и двајца туристи успеале безбедно да испливаат назад до чамецот, пренесува АП.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни