Македонија

Единствената преживеана Еврејка се врати во родниот град за да им оддаде почит на депортираните сограѓани

Единствената преживеана Еврејка се врати во родниот град за да им оддаде почит на депортираните сограѓани

Единствената преживеана Еврејка се врати во својот роденград Штип, за да им оддаде почит на депортираните сограѓани.

Се работи за Шела Сион-Алтреаз, која допатувала од Израел за да се поклони пред споменикот на депортираните нејзини сонародници и сограѓани.

Во изјава за медиумите, таа истакна дека со својата сестра успеале да излезат од монополот во Скопје и да не заминат во логорот на смртта во Треблинка.

Таа вели дека и на 88 годишна возраст се сеќава на најстрашната нок – меѓу 10-ти и 11 март 1943 година.

„Беше ноќ. Дојде мајка ми да ме разбуди. Јас не сакам, рано е, не сакам. Брзо стани, облечи се. Излегов, но не разбирав што се случува, имав само 7 и пол години“, вели таа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни