Пејачката Едина Арадиновиќ важи за една од најатрактивните пејачки на српската сцена, па затоа не чуди фактот дека постојано има додворувачи.
Сепак, таа неодамна доживеала шок кога еден познат бизнисмен наводно отворено и понудил 30.000 евра за да излезе со него на вечера.
Изворот вели дека на бизнисменот и се приближил додека била на пауза.
„Едита пееше на една приватна прослава, и тука зема сериозен бакшиш. Забавата ја организирал бизнисменот по повод 50-годишниот роденден, а на прославата имало доста милионери од разни држави. Кога завршила со својот блок, Едита седнала да се напие пијачка пред да си оди, а тогаш и се приближил многу познат човек и ја прашал дали има пет минути за разговор. Таа му дозволила да седне до неа“, вели изворот.
Тој додава дека на понудата, Едита почнала да се смее бидејќи мислела дека е шега.
„Едита му кажа дека мора да оди и дека не е некој што може да се купи, а бизнисменот почна да се извинува и да се правда велејќи дека тој всушност само сакал да ја однесе на вечера и дека и ги дал тие пари затоа што знае дека таа настапува многу и дека ќе мора да го откаже настапот за да излезе со него. Таа беше уште повеќе изнервирана од ова и му рече да не и се обраќа“, додава изворот за магазинот „Стар“.
