Една Палестинка е убиена во обид да нападне израелски војник

Убиена е Палестинката која денеска се обиде да избоде израелски војник на окупираниот Западен Брег. Ова денеска го соопштија израелската армија и палестинското Министерство за здравство, пренесе АФП.

Триесет и едногодишниот Гофран Варасна бил застрелан во градите од израелски војници во близина на палестинскиот бегалски камп Ал Аруб во јужниот дел на Хеброн, соопштија палестинските здравствени власти.

Се вчитува...

Израелската војска соопшти дека „неутрализирала“ напаѓач со нож кој „му пришол на војник кој спроведувал рутинска безбедносна операција“ на пат во близина на Ал Аруб.

„Војниците возвратија со оган“, се вели во кусото соопштение на армијата, дистрибуирајќи фотографија од мал кујнски нож. Соопштено е и дека нема повредени.