Живот

Едноставен трик за совршена фризура – еве како да направите неуредна пунџа за само 10 секунди!

Високите, неуредни пунџи се одлична секојдневна фризура. Тие ја отстрануваат косата од лицето на елегантен, но истовремено ноншалантен начин, а може да се комбинира со лента за коса или шноли.

Сепак, понекогаш пунџите можат да зададат маки, бидејќи не е секогаш лесно да се направат. Или косата ќе ја затегнеме прецврсто или премногу ќе ја измазниме. За среќа, на ТикТок се појави нова техника која наводно гарантира совршено поставена, доволно неуредна секојдневна пунџа.

Имено, девојката во видеото покажува колку едноставно движење на зглобот е сè што е потребно за совршена пунџа.

Таа прво ја врзува косата во висок реп, но наместо да го врзе стегачот или лентата докрај, го влече само на половина пат пред да го завитка, ја префрла косата преку раката и прави идеално стилизирана пунџа.

Целата процедура трае околу 10 секунди.

@quintymirjam

Antwoorden aan @maibou_ MESSY BUN TUTORIAL! | slow enough now? | #hairtok #messybuntutorial

♬ original sound – 80s throwback hits

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни