Египет ќе се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел

Египет ќе се приклучи на судскиот спор на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, кој го обвинува Израел за прекршување на обврските од Конвенцијата за геноцид во Појасот Газа, пренесува Ал Џезира.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи, Египет рече дека оваа одлука доаѓа поради ескалацијата на израелската агресија врз палестинските цивили.

„Ова доаѓа во светло на зголемената сериозност и обемот на израелските напади врз палестинските цивили во Појасот Газа и продолжувањето на систематските практики против палестинскиот народ, вклучително директно таргетирање на цивили и уништување на инфраструктурата во Појасот и принудување на Палестинците да бегаат. “, соопшти Министерството.

Египет го повика Израел да се придржува до своите обврски како окупаторска сила и да ги спроведе привремените мерки издадени од МСП, кои бараат обезбедување пристап до хуманитарна помош и помош во согласност со потребите на Палестинците во Појасот Газа.

Во соопштението, Египет го обнови својот повик до Советот за безбедност на ОН и меѓународните страни да преземат итни мерки за да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа и да се запрат воените операции во Рафах, како и да се обезбеди потребната заштита на палестинските цивили.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното