Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер (72) денес беше условно ослободен.
За потсетување, Окружниот суд во Сисак го прифати барањето на Санадер за условна слобода во четврток, откако тој помина вкупно повеќе од десет години во затвор, објавија хрватските медиуми.
Во Хрватска, условната слобода се одобрува по отслужување на половина од казната, а обично се одобрува по отслужување на две третини од казната. Сепак, секој случај се разгледува индивидуално и постојат многу околности што влијаат врз одобрувањето на барањето за ослободување.
Санадер може да го напушти затворот штом ќе добие потпишана судска одлука. Тој и неговиот адвокат Драган Црнковиќ ја очекуваа одлуката денес, со оглед на тоа што Државното обвинителство не се спротивстави на одлуката на судот да го ослободи условно.
