Раперката Ивана Рашиќ, попозната како Сајси МЦ, пред неколку дена застана „на лудиот камен“.
Сајс првично ја објави веста, без никакви детали или помпезност, на социјалните мрежи, пишувајќи кратко: „Се оженив“.
Таа на Твитер објави и видео од нејзиниот прв танц со својот избраник. Во разговор за Nova.rs, таа накратко потврди дека навистина се омажила, и дека тоа не е шега.
„Вистина е, се омажив“, кратко изјави таа.

За Nova.rs таа ексклузивно испрати фотографија во венчаница направена на денот на венчавката. Таа не сакаше да навлегува во детали, ниту официјално да ни открие кој е нејзиниот избраник.
