AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Експертите велат: Бебето се смирува веднаш штом мајката го земе во раце

Кога бебето почнува да плаче, првото нешто што го правиме е станување на нозе и лулање во раце. Ова е инстинктивна реакција на мајката, пред сѐ.

Едно ново истражување објавено во списанието „Курент бајолоџи“ (Current Biology), пишува дека бебето помало од шест месеци се смирува веднаш кога неговата мајка го подига, зашто тогаш пулсот кај малечкото опаѓа, за разлика од неколку секунди претходно.

Делува изненадувачки фактот што оваа бебешка реакција не е ограничена само на човекот како суштество, туку и кај други видови цицачи.

Држењето во раце е безбеден начин за опуштање и за мајката со цел да го смири бебето, а ова е во пракса со векови и секогаш на некој начин успева. Но, што е причината за тоа?

Експертите, за ова истражување, следеле 12 здрави доенчиња на возраст од еден до шест месеци, а главната цел било да се открие најкорисниот начин на тоа како мајката го смирува бебето што плаче?

Заклучокот е дека бебињата биле поопуштени и посмирени кога нивната мајка ги носи станата и во движење, а претпоставките велат дека причината е нагон за преживување.

Имено, се работи за „координирани“ вродени централни, моторни и срцеви реакции – како суштински интеракции меѓу мајката и детето, па затоа носењето во раце предизвикува физиолошки реакции кои помагаат бебето да се смири.

Затоа, доколку Вашето бебе почне да плаче, слободно прошетајте го во раце накусо низ собата, тоа ќе помогне и да се препознаат причините за плачењето.