Свет

Експлодира бензинска пумпа во Рим, двајца загинати и неколкумина повредени

Силна експлозија одекна во близина на италијанскиот главен град Рим, со што загинаа две лица, а неколкумина се повредени. Несреќата се случила во малото место Риети, а животот го загубиле еден цивил и еден пожарникар.

Во гасењето на пожарот учествувале седум пожарникари, а во моментот на експлозијата таму имало и осум лица. До експлозијата дошло во миговите кога цистерната полнела гориво на бензинската пумпа.

После експлозијата дошло и до пожар.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни