Свет

Експлодираше ракетата која носеше јапонски шпионски сателит: Полета, а потоа се најде на парчиња!

Експлодираше ракетата која носеше јапонски шпионски сателит: Полета, а потоа се најде на парчиња!

Јапонска ракета која носела шпионски сателит експлодирала веднаш по лансирањето.

Ракета што носеше јапонски шпионски сателит експлодираше набргу по лансирањето, а запалените парчиња ја преполнија областа од која беше лансирана и блиската шума. Спектакуларното уништување на ракетата Каирос, висока 18 метри и 23 тони, претставува најновиот неуспех во кампањата на јапонската влада и приватните компании да ја позиционираат Јапонија како релевантен фактор во вселенскиот бизнис.

Ракетата полета од лансирната рампа на оддалечениот полуостров Ки во префектурата Вакајама во средата наутро и експлодираше неколку секунди подоцна. Носеше мал јапонски владин сателит, објави Тајмс.

Space One, компанијата што ја изгради ракетата, објави дека таа автоматски се самоуништила откако открила неидентификуван проблем: „Ракетата го прекина летот откако процени дека ќе биде тешко да ја постигне својата мисија“, рече Масаказу Тојода, претседател на компанијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни