Балкан

Експлозија во воена фабрика во Бугарија, работниците евакуирани

Експлозија во воена фабрика во Бугарија, работниците евакуирани

Експлозија имало во воениот погон „Терем“ во градот Костенец во Бугарија, а повредени нема, соопштија од регионалната управа на МВР.

Се прецизира дека во машината експлодирал проектил.

Од експлозијата биле оштетени безбедносниот ѕид и покривот на фабриката, јавува порталот Новините. Како што се наведува во соопштението, нема повредени.

Наводно, противпожарните екипи го полиле местото со вода за да спречат понатамошни експлозии, а сите работници биле евакуирани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни