Елена Китиќ во љубовна врска со учесник од Задруга?

Српските медиуми пренесуваат дека Елена Китиќ влегла во љубовна романса со Фран Пујас.

Фран Пујас неодамна отпатува за Крф, каде што ќе одмара следните неколку дена, а локалните медиуми пренесуваат дека Елена Китиќ му прави друштво на летниот одмор!

Поранешниот учесник на „Задруга“ неодамна се најде во центарот на вниманието поради аферата со Анџела Вестица, а сега се шпекулира дека влегол во љубовна романса со ќерката на Миле Китиќ.

Пујас сподели неколку приказни од одморот на својот Инстаграм, но не објави фотографии со Елена.

Сепак, тој објави фотографија со една од нејзините пријатели, а многумина коментираа дека токму тоа ги „разоткрило“, како и меѓусебното заследување на Инстаграм.