Македонија

Елизабета Втора лансира свој бренд на џин

Британската кралица Елизабета Втора отпочна свое сопствено производство и продажба на џин, пренесува „Дејли Мејл“.

Напивката, наречена „Sandringham Celebration Gin“, се произведува во дестилерија на имотот на кралицата во северен Норфолк. Ќе се продава во шишиња од 500 милилитри – едно за 50 фунти.

Според порталот, џинот е еден од омилените алкохолни пијалаци на Елизабета Втора.

А, ова е трет бренд алкохол, што произлегол од кралското семејство. Бакингамската палата во јули го претстави џинот „Royal Collection Trust“, а неколку месеци подоцна, синот на кралицата – принцот Чарлс го пушти напитокот „Highgrove“ во продажба.

The post Елизабета Втора лансира свој бренд на џин appeared first on TV21.mk.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни