Кога ќе кажеме идилична празнична сцена, веројатно ќе замислиме прекрасна елка покрај каминот со запален оган. Во реалноста, да се стави новогодишна елка покрај силен извор на топлина и оган не е паметна идеја.
Експертите препорачуваат новогодишната елка, без разлика дали е вештачка или природна елка, да биде оддалечена најмалку еден метар од какви било греалки, шпорети, радијатори и камини. Колку подолго дрвото е во просторијата и во близина на силен извор на топлина, толку е поголема шансата за несреќа, односно ризикот дрвото да се запали.
Доколку вештачката елка се запали, таа носи и ризик од ширење опасни соединенија како резултат на согорување на пластика и други материјали, затоа не ставајте ја покрај запалени свеќи.
Избегнувајте да ја ставате елката директно до прозорецот. Ова не само што ќе го спречи редовното проветрување на домот, кое е многу важно во зимските месеци, туку и ќе го намалите продирањето на природна светлина во останатиот простор за живеење.
Истражувањата покажаа дека недостатокот на природна светлина во зимските месеци може значително да влијае на расположението на поединецот и да предизвика летаргија, нарушена концентрација, нарушување на спиењето и слични заболувања.
Иако многумина сонуваат за раскошни дрвја кои достигнуваат сè до таванот, подобро е да купите малку помала елка. Идеално би било да имате барем половина метар слободен простор помеѓу таванот и врвот на дрвото.
