Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

Кога спортскиот успех ќе се претвори во бројки и ќе се сведе на иста валута, станува јасно дека регионалната спортска хиерархија повеќе не е прашање на перцепција, туку на чиста математика. На најновата листа на најплатени спортисти од регионот за 2025 година, високо котира и македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, но анализата открива длабок јаз помеѓу американскиот и европскиот систем на плаќање.

Анализата на заработките на спортистите од Словенија, Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора и Северна Македонија покажува дека договорите во НБА лигата се недостижни дури и за најголемите фудбалски ѕвезди во Европа.

Елмас во елитното друштво

Иако фудбалот е најпопуларен спорт во Европа, листата покажува дека македонскиот “дијамант” успева да држи чекор со елитата.

  • Статус: Елмас е издвоен како еден од најплатените македонски спортисти на регионалната листа.

Структурен јаз: Зошто Америка плаќа повеќе?

Разликата во приходите во 2025 година не е случајна, ниту е резултат на една добра сезона. Таа е системска.

„Во 2025 година овој јаз не е резултат на една исклучителна сезона… туку одраз на длабоко вкоренети разлики во деловните модели на спортските лиги“, се наведува во анализата.

Клучните фактори за доминацијата на НБА договорите се:

  1. Централизирани приходи: Системот на НБА овозможува огромни парични текови од глобалните медиумски права.
  2. Регулација: Строго регулираниот лимит на плати (salary cap) всушност ја подига горната граница за врвните таленти.

Спротивно на тоа, европскиот спорт, и покрај огромната традиција и популарност на фудбалските лиги, останува „под тој плафон“ кога станува збор за индивидуалните заработки на играчите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни