Во живо Ноќно студио во живо Венко Филипче Гледај
Македонија

Емини: На Алта банка не ѝ е одземена дозволата, Фондот располага со 416 милиони евра за обесштетување на депонентите

Емини: На Алта банка не ѝ е одземена дозволата, Фондот располага со 416 милиони евра за обесштетување на депонентите

На Алта банка АД Битола засега не ѝ е одземена дозволата за основање и работење, а воведувањето привремена администрација не претставува законска основа за активирање на постапката за обесштетување на депонентите, истакна директорот на Фондот за осигурување депозити, Бехар Емини, на денешната надзорна расправа во Собранието.

Емини посочи дека банката и по воведувањето на привремената администрација редовно ја плаќа премијата за осигурување на депозитите и ги исполнува законските обврски кон Фондот.

Тој информираше дека вкупната вредност на инвестициското портфолио на Фондот изнесува 25 милијарди и 610 милиони денари, односно околу 416 милиони евра. Средствата се инвестирани во краткорочни државни хартии од вредност и се наменети за исполнување на законските обврски кон осигурените депоненти.

„Во случај на ризичен настан, Фондот ќе ги преземе потребните финансиски, организациски и оперативни активности за започнување на исплатата за обесштетување во законскиот рок“, рече Емини.

Тој потсети дека депозитите се осигурени до 30.000 евра во денарска противвредност по депонент во една банка, согласно законските услови. За средствата над овој износ, депонентите би ги остварувале своите побарувања преку соодветната постапка за ликвидација или стечај.

Емини откри и дека Фондот пред неколку дена побарал писмени информации од администрацијата на Алта банка за осигурените депозити, но сè уште не добил одговор.

На прашањето дали банката располага со 80 милиони евра во готовина или парични еквиваленти, колку што е наведено во нејзиниот биланс, Емини посочи дека контролата на работењето на банката е во надлежност на Народната банка.

Осврнувајќи се на случајот со Еуростандард банка од 2020 година, тој нагласи дека тогаш станувало збор за околу 130.000 депоненти и 68 милиони евра, при што досега се исплатени 91 процент од средствата за обесштетување.

Емини уверува дека Фондот располага со финансиски капацитет, институционално искуство и механизми за навремена реакција, но повтори дека во случајот со Алта банка сè уште не е настанат ризичен настан што би ја активирал постапката за обесштетување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со претседателот на СДСМ Венко Филипче

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни