EMSC: Нашата веб страница и апликации се недостапни поради голем број на посети по земјотресот во близина на Гостивар

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар преку Твитер информира дека нивните мрежи (веб страница и апликации) се недостапни поради како што велат големиот сообраќај (посети) по земјотресот кој утрово се случи во Гостивар.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар е непрофитна организација со 84 институти како членови од 55 различни земји. Формирана е во 1975 година, по барање на Европската сеизмолошка комисија.

Во 4 часот и 54 минути, на цела територија на Македонија почувствуван е силен земјотрес. Според првите информации од сеизмолошките станици до кои дојде ТВ21, станува збор за земјотрес со јачина од 4.9 степени по рихтер. Епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово.

.



Извор: ТВ21