Македонија

Енес Демири ослободен од обвинение за убиството кај „Пластичарска“

Енес Демири ослободен од обвинение за убиството кај „Пластичарска“

Енес Демири беше уапсен на 21 мај 2025 година под сомнение за убиството кај „Пластичарска“. На рочиштето од 11 јуни 2026 година, застапникот на обвинението го повлече обвинението поради доказите што ги достави одбраната.

  • Во моментот на настанот, Демири се наоѓал на друга локација и разговарал по телефон со својата сопруга.
  • Пет сведоци дадоа искази пред надлежните органи со кои го потврдија неговото алиби.
  • Обезбедени беа и други материјални докази што укажуваат дека тој не бил инволвиран во настанот.

Адвокатката Ивана Јакимовска соопшти: „По спроведена темелна и професионална истрага, надлежните органи утврдија дека мојот клиент е целосно невин и нема никаква поврзаност со кривичното дело. Врз основа на сите факти и докази собрани во текот на истрагата, обвинението беше повлечено, а неговата невиност целосно потврдена.

Со повлекувањето на обвинението, случајот против Енес Демири е затворен, а неговата невиност официјално потврдена од надлежните органи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни