Македонија

ВИДЕО Пожарот кај Штип зафати и викендици, едно лице е повредено

ВИДЕО Пожарот кај Штип зафати и викендици, едно лице е повредено

Пожарот кој од вчера е активен во источна Македонија, попладнево се засилил.

Според пожарникарот Александар Ѓорѓиевски, состојбата е загрижувачка и се бара интервенција од воздух.

„Пуштајте хеликоптери и авиони бидејќи веќе се зафатени и викендици, овде човечка нога не може да стапне“, вели во видеото објавено на неговиот Фејсбук профил.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов попладнево потврди дека едно лице, сопственик на викендица е повреден.

Тој додаде дека веќе на терен дејствува Ер трактор.

Пожарот е кај селото Ново Село кај Штип.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни