Еден од најпознатите поп-ѕвезди Енрике Иглесијас открива дека неговиот најнов албум „Final“ може да биде и негов последен.
Пејачот го најави тоа во разговор на Инстаграм со Рики Мартин и Себастијан Јатра.
„Ова можеби е мојот последен албум. Ова не е нешто за што размислував последниве неколку месеци. Тоа е нешто за што размислував последниве неколку години. Ќе има „Том 1“ и „Том 2“, но тие се конечни. Јас сум во овој миг од мојот живот, ова поглавје во мојот живот, каде што мислам дека е вистинско време ’да го исклучам‘ тоа и за ова размислувам од 2015 година“, раскажува Енрике.
Инаку, претходно пејачот призна дека турнејата му паднала тешко, а сега открива дека се бори и со физичките тешкотии при турнеите и настапите.
„Првите две недели од турнејата ми беа тешки затоа што ги чувствував во коските, во зглобовите – тоа е она „леле“. Но, докторот ми вели дека сум луд затоа што никогаш не се растегнувам пред концерт. Отсекогаш сум бил доста атлетско „дете“, но знаев дека ќе дојде ден кога нема да биде исто“, вели Иглесијас.
Сепак, пејачот најави дека нема да престане да прави музика.
„Никогаш нема да престанам да пишувам песни затоа што сакам да пишувам песни, но ќе го правам тоа поинаку – што значи дека не мора да бидат спакувани како албум – така што овој проект е важен за мене”, истакна тој на Инстаграм.
